ГДУ: Се согласуваме со Дескоска дека ѓаволот е во деталите

„Се согласуваме со министерката Рената Дескоска дека ѓаволот е во деталите и веруваме дека СДСМ и ДПМНЕ се способни да се испазарат со сè кога се во прашање партиските интереси, но не можеме да го премолчиме фактот дека овие две партии со месеци зад затворени врати кројат
решенија за судбината на СЈО”, соопшти Граѓанско-демократска ѕнија – ГДУ.

Според нив, едно е јасно, дека независно СЈО значи чекор поблиску кон ЕУ. Притоа заглавувањето на овој закон во политичкиот пазар ќе го запре евро-атланскиот пат на државата.

„А кога сме кај политичкиот пазар, видовме до каде може тој да оди и што сè можат пратениците и лидерите. Па тоа што со месеци се случува зад затворени врати и оптимизмот на власта за можен договор отвора сомнеж за премолчен пазар, на пример да се влечат предметите и да застарат. Ние како партија жестоко ќе реагираме и ќе се бориме против вашите пазарења и договори за избегнување на правдата.

СЈО има незавршена работа, нечесни функционери имало и ќе има и задачата на оваа институција е да ги лови. Затоа ова обвинителство треба да добие шанса и да ја врати довербата кај граѓаните, со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.ГДУ повторно ги предупредува лидерите да ги тргнат рацете од обвинителството и судството, пазарењата нема да ни донесат датум. Потребни ни се вистински реформи, велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави