Премиерот Зоран Заев во Сараево присуствуваше на рамазанска вечера кај претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, заедно со албанскиот премиер, Еди Рама.
„Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи“, напиша Заев во објава на својот фејсбук-профил.
Денес во Сараево се одржува средба на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамки на годишниот состанок на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).