Иран делумно се повлекува од нуклеарниот договор

Министерството за надворешни работи на Иран денеска ќе објави „намалување на своите обврски” кон нуклеарниот договор од 2015 година.

Иранскиот претседател Хасан Рохани ќе испрати писмо со намери до лидерите на Русија, Кина, Германија, Франција и Велика Британија. Сите тие, заедно со Иран и со САД беа потписнички на Договорот според кој Иран го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции.

Тензиите се зголемени во пресрет на годишнината од американското повлекување на иранскиот нуклеарен договор. Најверојатно Техеран повторно ќе ја покрене стопираната нуклеарна програма како одговор на американските чекори, но не планира да се повлечи од мултилатералниот договор.

– Во среда Иран ќе ја објави својата одлука за намалување на обврските кон (нуклеарниот договор)… по едностраното американско повлекување, јави државната новинска агенција ИРНА, додавајќи дека иранското.

Не е прецизирано што понатаму ќе преземе Иран.

Треба да знаете
Последни објави