Бидејќи тоа е првото кралско бебе од мешана раса, многумина беа љубопитни да видат како изгледа момчето и што зел од својата мајка, а што од црвенокосиот Хари. Принцот претходно изјави дека момчето е „преубаво“ и дека е бескрајно горд на својата сопруга.
Меган Маркл роди син во понеделникот во 05:26 по локално време. Како што тврдат британските медиуми, војвотката добила болки во неделата вечер, а тајната служба ја префрлила во приватна болница во Лондон. Со Меган цело време беа нејзиниот сопруг принцот Хари и нејзината мајка Дорија Реглан. Породувањето поминало без компликации, а војвотката не бараше царски рез.