Меморијалниот музеј изреволтиран од производите со фотографии од Аушвиц

Раководството на Меморијалниот музеј на поранешниот нацистички логор Аушвиц-Биркенау во Полска остро го нападна сајтoт за продажба на предмети на независни дизајнери „Redbabl”, бидејќи нуди мини здолништа и перници со фотографии на озлогласениот концентрационен логор.

На твитер-налогот на Музејот се вели дека понудата на такви производи со фотографии од Аушвиц е „вознемирувачка и без почит”, објави АП.

Се наведува дека фирмата со седиште во Австралија им дозволува на уметниците да креираат и дизајнираат маици и други производи и директно да ги презентираат на јавноста.

Од „Redbabl” велат дека спорните производи веднаш ќе бидат отстранети од продажбата.

Од 1940 до 1945 година во Аушвиц беа убиени Евреи, Роми, Полјаци и Руси.

Треба да знаете
Последни објави