Моќен настап – погледнете ја пробата на Тамара пред Евровизија
Евровизискиот тим на Тамара Тодевска вчера пристигна во Тел Авив, а нашата претставничка на Изборот за песна на Евровизија денеска ја имаше првата проба.
Тамара се појави на евровизиската сцена во темнозелен фустан, креација на македонскиот дизајнер Александар Ношпал, а на настапот ќе носи и накит на Ксенија Котев.
Претставничката на Северна Македонија ќе настапи со песната „Горда“ (Proud) на втората полуфинална вечер закажана за 16 мај, а придружни вокали ќе ѝ бидат Антонија Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.
„Горда“ e авторско дело на тимот: Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров (музика) и текст на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.
Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист. На Евровизија таа првпат беше како придружен вокал на Тоше Проески, во 2004 година во Истанбул, потоа со Адријан Гаџа и со Врчак во Белград 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Let me love you“, но не се пласира во финалето. Како придружен вокал на Тијана, таа беше и на евровизискиот натпревар во 2014 година во Копенхаген.
Годинашниот евровизиски тим на МРТ го сочинуваат одговорниот уредник на МТВ 1, Анета Андонова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 1, Мери Попова, уредникот на Културно-уметничката програма на МТВ 2, Авни Ќаили и уредникот на Културната програма на МРА 1, Тони Цифровски.
Последниот македонски претставник што избори пласман на евровизиско финале беше Калиопи во 2012 година.
Израелскиот топ-модел Бар Рефаели, ќе го води Евросонг заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб. Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.
64. издание ќе има 41 учесник. Бугарија се откажа заради финансии, а потоа и Украина. Во првото полуфинале на 14 мај ќе настап 17 земји, кои заедно со Франција, израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во второт полуфинале, на 16 мај, каде сме и ние , (17. по ред) ќе учествуваат 18 земји, кои заедно со Германија, Италија и Велика Британија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Во финалето, на 18 мај, 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41