Најмалку седуммина убиени и десет ранети во затвор во Гватемала

Најмалку седум лица се убиени и десет ранети во пукање во затвор во Гватемала, соопшти полицијата.

Затворот се наоѓа на околу 17 километри источно од градот Гватемала.

Сите жртви се затвореници, а затворската управа најмалку осум часа во текот на вчерашниот ден немаше контрола над затворот.

Во тој затвор има 4.137 затвореници, иако објектот е граден за 900 затвореници.

Треба да знаете
Последни објави