Полицијата во Германија уапси осум лица поради сомневање дека собирале пари за т.н. Исламска држава.Германската новинска агенција ДПА објави дека вооружени полицајци претресле седум куќи во западниот дел на земјата во градот Обрхаузен.
Четири жени и четворица мажи на возраст од 19 до 58 години се уапсени.Германскиот „Билд” објави дека меѓу уапсените има седум германски државјани со потекло од Балканот и еден Босанец.
Портпаролот на полицијата во овој град изјави дека сите уапсени се осомничени дека веќе извесно време собирале пари за терористичката група Исламска држава и дека на тој начин поттикнале терористичка борба. Сите уапсени ќе бидат испрашувани и потоа ќе се донесе одлука за притвор.