Платформа Поглавје 20 и ресурсен центар www.poglavje20eu.org, како и шест едукативни видеа, прирачници и документи за политики беа промовирани денеска во Скопје во рамки на финалната конференција на двегодошниот проект „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20″, финансиран од Европската Унија.
Какп што истакнаа од Фондација за Претприемачки сервис за млади – ЈЕС инкубатор (ПСМ-ЈЕС), проектот пмогна за подобра координација и трансфер на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители за подигнување на свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.
-Задоволни сме што институциите не препознаа како клучен чинител во целиот овој прпцес дека граѓанскиот сектор може да се вклучи во овој реформски проец. Препораките кои што се дадени се разгледуваат и се надеваме дека во иднина ќе бидат имплементирани и дека сите овие процеси на глобално ниво ќе ја зајакнат нашата економија и ќе ги подобрат деловните услови за нашите компании вели Софија Цали Кузманова проект менаџер во ПСМ.
Нема конкретна бројка колку од нашите компании користат од европските фондови, но додава таа, со платформата која е креирана и со нивните обуки компаниите имаат поголем пристап до информации за тоа како може да аплицираат до европските фондови.
Според Светлана Киревска директор на Фондацијата за развој на МСП од Скопје, еден од најголемите проблеми на бизнис секторот и на граѓанскиот сектор во прпцерсот на поголема искористеност на ЕУ-фондовите претствува нивната неможност целосно да го финансираат целосниот процес на подготовка на проектни апликации и на нивна имплементација. Ова особено се однсеува вели, за бизнис секторот, бидејќи МСП и нивниот раководен кадар немаат доволно искуство во користење на средставта од овие фондови и неможноста финансиски да го издржат целиот процес на аплицирање за европски пари и на имплњментирање на програмите откако веќе добијат средства од ЕУ -фондовите.
-Во рамки на проектот се обидовме да креираме мрежа на партнери и на институции кои би се вклучиле во креирање на нов начин и нови форми на поддршка на МСП, пред се во делот на поддршка на креирање погодни за финансирање од средствата на ЕУ-фондовите, меѓутоа истовремено и погодни клиенти на банките за кредирање од страна на банките. Идејата е да се обидеме да лобираме кај Владата да се ревитализира ФАРЕ кредитната линија во Македонската банка за поддршка на развојот, да се направи систем за понатамошна поддршка за МСП преку обука на лица кои ќе даваат поддршка на бизнис секторот во делот на подгоптовка на проекти за ЕУ фондови и во делот на нивна импелемтација кога ќе ги добијат, како и да се поттикне банкарскиот сектор за поголемо искористување на ЕУ фондовите, вели Киревска.
Нивните анализи покажуваат мала заинтеерсираност на бизнис секторот за ЕУ-фондовите, како и кај банките.