Македонија му порача на Зоран Заев дека им е преку глава од криминалот корупцијата и расипништвото како систем на владеење. По изборите во Македонија има нова реалност која покажува дека во преку 40 општини и покрај сите притисоци, граѓаните се за опцијата за право и правда, и проекти за опција која нуди проекти и развој! Затоа СДСМ беше и уште е во паника и во таа паника ги злоупотреби сите правни иинституционални, но и вонинституционални средства за да го намалат поразот кој што ги снајде, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
СДСМ на овие избори ги повторува сите нерегуларности кои се јавуваат кога СДСМ организира избори, недостасуваат ливчиња, се јавуваат повеќе ливчиња, односно полнети кутии, случаи на гласања за повеќе лица, недозволено агитирање, дури и меѓународните набљудувачи регистрираа поткуп на изборниот ден. Ова не се демократски избори, туку ефикасно спроведен изборен инженеринг.
ВМРО-ДМНЕ поднесе 12 приговори до ДИК, во кои повторно се констатирани нерегуларности, исти како во првиот круг. Несовпаѓање на број на потпишани гласачи со бројот на ливчиња, таков случај има на избирачко место 1789 во Ново Село, ист случај во ИМ 1001 во Куманово. Во Студеничани, ИМ 2350/1 бројот на неупотребени гласачки ливчиња и бројот на употребени ливчиња заедно се поголем број од вкупниот број на избирачи на тоа место! Ист случај се повторува во Брвеница ИМ 2047, збирот на гласови и неупотребени ливчиња покажува дури 100 ливчиња повеќе.
Повеќе ливчиња од потпишани избирачи има и во Охрид на ИМ 1281/1.
Во Охрид ИМ 1261 регистриран е и случај каде потпишани гласачи има 371, а во кутијата се најдени 370 гласачки ливчиња, односно едно ливче е изнесено од гласачкото место! Ливчиња недостасуваат и во Прилеп- ИМ 1521- каде недостасуваат осум избирачки ливчиња.
Во Шуто Оризари на ИМ 2967/1 констатирано е дека лице кое пристигнало да гласа, увидено е од избирачкиот одбор дека некој веќе гласал место госпоѓата, односно била потпишана!
Во Пласница ИМ 0277/1 има глас повеќе од бројот на потпишани, а исто лице со идентитчен потпис се им потпишан на повеќе места за повеќе гласачи- односно исти лица гласале за повеќемина.
Во Радовиш, на четири лица им е дозволено да гласаат но тие не се потпишуваат во Избирачкиот список!
Во Центар во Скопје ИМ 2859 направена е груба злоупотреба од заменик-претседателката и членка на ИО, со тоа што постојано во текот на изборниот ден го прелистувале списокот ги регистриртале тие што не излегле да гласаат и потоа податоците со име и презиме податоците ги пренесувале телефонски и со СМС пораки. Иако имало реакција од член на ИО не му било дозволено тоа да го напише во записникот, па подоцна го пријавил во ОИК во Центар. Инаку, станува збор за препознатливо име и презиме на член на ИО јавен гласен поддржувач на политиките на СДСМ.
Во Сарај гласано е со искинато па лепено избирачко ливче со селотејп, со што се нарушува тајноста на гласањето.
Овие претседателските избори ја покажаа сета злоупотреба на државните институции и неспособноста на СДСМ да одржи фер и демократски избори. Изборите, ќе се послужам со зборови на Стево Пендаровски, искусен во изборни нерегуларности, нерегуларностите и инженерингот не се прават само на изборниот ден, туку на тоа се се работи претходно 364 дена претходно, се работи за системски нарушувања на изборниот процес.
Токму тоа го покажа и вториот круг на претседателските избори, полнети кутии, гласање за други, недозволено агитирање, поткуп на изборниот ден, злоупотреби на државните ресурси.
Очекуваме приговорите да бидат констатирани, а Јавното обвинителство да се одважи и да постапи согласно надлежноста за настани од вонредно значење како што се изборите.
Тука би потсетил дека ОБСЕ/ОДИХР во својот прелиминарен извештај има забележано нерегуларности односно злоупотреби на државните ресурси како и слачи на регистриран поткуп на гласачи.