Властите во Шри Ланка уапсија седум терористи

Полицијата на Шри Ланка уапси седуммина членови на терористичката организација „Нејшнел тавид џама’ат“ кои се подготвувале да станат бомбаши-самоубијци, пренесува „Дејли мирор“.

Според органите за спроведување на законот, уапсените биле тесно поврзани со организаторот на серијата бомбашки напади во Шри Ланка.

„Дознавме дека осомничените биле обучувани за користење оружје многу дискретно во текот на еден долг период во Молдавија. Се вели дека Мохамед Насар Мохамед Асат, бомбашот-самоубиец во црквата на Зион во Батикалоа, ја обезбедил обуката”, објави весникот .

Полицијата во моментов ги испрашува за нивната вмешаност во терористичките напади.

На 21 април, во земјата се случи најсерозната серија терористички напади во историјата на Шри Ланка, во која загинаа околу 250 лица. Осум експлозии ги потресоа градовите Коломбо, Негомби и Батикалоа, во католички цркви за време на Велигденските служби и во хотели.

Властите веруваат дека локалната група „Нејшнел тавид џама’ат“, која има врски со странски исламистички организации, стои зад терористичките напади. Властите уапсија повеќе од 100 лица наводно вклучени во нападите.

Треба да знаете
Последни објави