Возач на автобус починал од засега непознати причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.
Според СВР Тетово, станува збор за Г.Д (37) од Скопје. Тој возел автобус „мерцедес” со скопски регистерски таблици и починал синоќа на превојот Стража.
Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража”, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.