Во германскиот град Оберхаусен, во текот на ноќта, е спроведена голема антитерористичка операција во која уапсени се осум луѓе, јави „Билд“.
Во околу 4 часот утрото, 150 полицајци упаднале во седум куќи во сопствеништво на големо семејство во Оберхаусен. Се претпоставува дека се работи за терористичка ќелија.
Портпаролот на полицијата рекол дека членовите на семејството, се под сомнение дека соработувале со Исламска држава и дека ја финансирале терористичката организација. Тој нагласил дека засега нема докази дека и самото семејство планирало терористички напади.
Меѓу уапсените се мажи и жени на возраст од 19 до 58 години. Седуммина од нив имаат германски пасоши, но дошле од Балканот, пишува „Билд“. Едно лице е од Босна и Херцеговина.