Обемот на емисиите на карбон диоксид од согорување на фосилни горива се намалил за 2,5 отсто во текот на 2018 во споредба со 2017 година, соопшти денеска Евростат.
ЦО2 емисиите се меѓу најштетните и значајно придонесуваат кон климатските промени на глобално ниво.
Според Евростат, ЦО2 емисиите се намалени во сите земји на Европската Унија, со најзначајно намалување има во Португалија, Бугарија, Ирска, Германија, Холандија и Хрватска, додека пак во Летонија, Малта и Естонија е констатираното најголемото зголемување на ЦО2 емисии.
Факторите кои влијаат врз емисиите на карбон диоксид, потсетува Евростат, се економската активност, обемот на населението, транспортот и индустриските активности.
– Треба да се забележи и дека увозот и извозот на енергетски производи имаат ефект врз ЦО2 емисиите каде се согоруваат фосилните горива: на пример ако јагленот се увезува, тоа ги зголемува емисиите, додека пак ако се увезува струја тоа нема директен ефект врз емисиите врз земјата која увезува, бидејќи тие би биле вброени во земјата која извезува и каде е произведена, се наведува во соопштението на Евростат.
Европската Унија се заложи да ги намали сите штетни емисии за најмалку 40 отсто до 2030 година во споредба со 1990, согласно Парискиот климатски договор. Заедно со исполнувањето на целите за употреба на обновливите ресурси, ЕУ би можела да постигне и намалување од 45 отсто до 2030, доколку сите ги почитуваат дадените ветувања.