Едно лице е убиено, а седум се ранети, од кои неколку во критична состојба, во инцидентот со пукање во училиште во Даглас, предградие на Денвер, во сојузната американска држава Колорадо.
Инцидентот се случил во Училиштето е за наука и технологија, кое се наоѓа на 40 километри јужно од Денвер.
Властите соопштија дека се уапсени две осомничени лица поврзани со пукањето.
Полициски службеници изјавија дека двајца ученици, вооружени со пиштоли, влетале во училиштето и започнале да пукаат.
– Еден 18-годишник е мртов на местото на настанот, рече шерифот Тони Спарлок неколку часа по трагедијата.
Спарлок рече дека нападите се изведени на две локации.
Едниот од напаѓачите е полнолетен, а другиот е помлад од 18 години.
Се претпоставува дека нема повеќе напаѓачи, но, сепак, полициски тимови и натаму ја пребаруваат секоја просторија во училиштето.