Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир од 15 часот е во прекин поради случена сообраќајна несреќа, информира АМСМ.
Виадукт трејд известува дека од ден 7.05.2019 започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат А1, делница Демир Капија – Удово (близу тунелите) за што се изврши промена на режимот на сообраќај.
Виадукт трејд известува дека на 8.05.2019 и 9.05.2019 (четврток) ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, делница Валандово-Раброво и Раброво – Струмица (пред крстосницата) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Утре од 7.00 часот на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње поради изведување градежни работи на пат, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента во должиина од 150 метри.На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На 4.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во село Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е забрана за тешки моторни возила.