Потпретседателот на италијанската Влада Матео Салвини информира дека со српскиот претседател Александар Вучиќ постигнале максимално разбирање за важни теми и оти ја потврдил својата поддршка за Србија за влез во ЕУ.
Салвини истакна дека средбата, која се одржа денеска попладне во Рим, била срдечна.
– Постигнавме максимално разбирање за важни теми како што се безбедноста, заштитата на границите, соработката и меѓународните односи. Ја потврдив својата поддршка за Србија за влез во Европската унија, напиша Салвини на Твитер.