Лидерите на суданските протести и суданската опозиција повикаа на граѓанска непослушност денес, поради, како што рекoa, разочарувачкиот одговор на војската на нивните „уставни понуди”.
„Ние повикуваме и се подготвуваме за граѓанска непослушност”, рече водачот на Декларацијата за слобода и промена, Мадани Абас Мадани.
Демонстрантите во Судан неодамна ги прекинаа преговорите со преодниот воен совет, бидејќи не се исполнети нивните барања за војската да ја предаде власта на цивилите.