Тинејџерот кој со часови држеше четири жени како заложнички во продавница во град во јужниот дел на Франција беше уапсен по неколкучасовни преговори со полицијата.
Според соопштението на француската полиција, 17-годишникот беше уапсен кратко пред полноќ без инцидент, и тоа неколку часа откако ослободи четири жени, објави АП.
Инцидентот се случи во предградието на Тулуз, а локалниот весник „Депеш” објави дека претходно ѝ бил познат на полицијата поради крадење и учество во протестот на „жолтите елеци”, поради што бил уапсен.
Властите не го третираат овој инцидент како терористички чин.