Украинската влада одлучи да не ги признава руските пасоши на жителите на Донбас

Украинската влада одлучи да не ги признава руските пасоши издадени на Украинците кои живеат во Донбас, изјави украинскиот министер за прашања на привремено заземените територии и внатрешно раселени лица, Вадим Черниш, по денешниот состанок на кабинетот, пренесува ТАСС .

„Уредбата на украинскиот кабинет ги наведува т.н. центри овластени од Русија за издавање пасоши почнувајќи од одредени датуми. Сите документи издадени од овие центри ќе бидат сметани за неважечки”, рече тој.

Черниш додаде дека владата му наложила на украинското МНР да ги охрабри странските партнери на земјата да донесат слични одлуки.

„Веруваме дека овие ограничувања само го означуваат првиот чекор. Голем број владини експерти работат на понатамошни измени на украинскиот Закон за државјанство, но ќе ги објавиме подоцна”, рече Черниш.

Министерот истакна дека Киев, исто така, има листа на лица вклучени во нелегалното издавање руски пасоши за Украинците, додавајќи дека тие се предмет на лични санкции. На прашањето како Украина ќе дознае дали е издаден незаконски пасош или не, Черниш рече дека тоа ќе зависи агенцијата што ќе ги издава.

„Многу е лесно да се радознае бидејќи сите пасоши имаат информации за тоа кога и каде биле издадени, вклучувајќи го и и кодот на агенцијата за издавање. Двете места се утврдени – населбата Покровскоје и градот Новошахтинск во регионот Ростов”, рече тој .

Треба да знаете
Последни објави