Жените во руската мнозински муслиманска Чеченска Република можат да уживаат во возењето со такси со женски возачи откако во главниот град Грозни беше пуштена во употреба такси-служба само за жени, пренесува РТ.
Такси-службата „Мекари“, што значи девојки на чеченски) треба да стане алтернатива за чеченските жени кои од верски причини избегнуваат патување без придружба со машки возач надвор од нивниот семеен круг.
„Во моментов во Грозни функционираат пет возила, но планираме нивниот број да се зголеми до 20 до крајот на годината. Сите возачи се, се разбира, се жени”, изјави Медина Цакаева, додавајќи дека женското такси нема да прифаќа резервации од мажи.
Според апликацијата, „Мекари“ исто така нуди и дополнителни услуги, како што е чистење на домот, па дури и лековито пуштање крв познато како „хиџама“.
Проектот е финансиран од Фондот на шеикот Зајед од ОАЕ, кој финансира мали и средни бизниси во Чеченија. Новата услуга е погодна за превоз на патници согласно религиските стандарди и традиции, вели Фондот на Инстаграм.
Сепак, иницијативата во Чеченија доби мешана реакција од корисниците на интернет. Додека многу корисници сметаат оти претпријатието промовира родова сегрегација, споредувајќи го со враќање во Средниот век, други го пофалија за безбедноста и почитувањето на верските верувања.