Шест лица загинаа во пожар во Харлем

Пожарникарската служба на Њујорк соопшти дека шест лица, вклучувајќи и четири деца, загинаа денес во пожар во станбена зграда во Харлем.

Комесарот на пожарникарите Даниел Нигро изјави дека пожарната служба примила повик во 1:40 часот по локално време од лице кое се наоѓало карши седумкатната зграда, соопшти АП.

Според зборовите на Нигро, пожарникарите одговорија во рок од три минути на огнот што го зафати петтиот кат.
Тој рече дека пожарникарите почнале да го гасат огнот, а кога стигнале до двете спални соби, пронашле тела на двајца возрасни и четири деца, на возраст од три до 11 години.

Се претпоставува дека сите се членови на едно семејство.

Нигро рече дека речиси 100 пожарникари учествувале во гасење на пожарот и дека им било потребно повеќе од еден час за да го стават пожарот под контрола.

Треба да знаете
Последни објави