Република Северна Македонија добива директен пристап до фондовите на ЕУ со кои се финансираат проекти за инфраструктурно поврзување на регионот, квалитетот на животната средина и за одржливиот туризам, ова денеска е истакнато на Совет на Јадранско – Јонската Иницијатива во Будва како резултат на првите чекори направени на добра волја и градење на доверба кои претходеа на Договорот од Преспа.
Како што соопштија од Генералениот секретаријат на Владата, зачленување во Јадранско – Јонската иницијатива и натамошното приклучување во ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот Регион, е директна и конкретна придобивка од решавањето на спорот со Грција.
-Членството во Јадранско – Јонската иницијатива е резултат на првите чекори направени на добра волја и градење на доверба кои претходеа на Договорот од Преспа, односно преименување на имињата на скопскиот аеродромот и автопатот кон Грција. Тие одлуки, како и целокупното решавање на спорот со Грција, ги отвори можностите за пристап до фондови на ЕУ и го забрза процесот на интеграција во ЕУ, од што корист имаат сите граѓани на Република Северна Македонија, се истакнува во соопштението.
На Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско – Јонската иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва учествуваше заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски.