Австрискиот претседател следната недела ќе се сретне со Путин

Австрискиот претседател Александер ван дер Белен ќе престојува во Русија следната недела, каде што ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

Во Сочи, тие ќе го започнат билатералниот форум за граѓанско општество „Сочински дијалог”, најавено е во Виена.

Сочинскиот дијалог треба да ги зајакне билатералните односи на двете земји, како и да ги поттикне контактите во областа на науката, образованието, уметноста и спортот.

Ван дер Белен и Путин ќе имаат и билатерален состанок в среда, фокусирајќи се на европските и меѓународните прашања.

Треба да знаете
Последни објави