Познатата пејачка Адел се пријавила на апликација која е исклучиво направена за запознавање на селебрити лица, според „Мирор“. Нејзини блиски пријатели говорат дека откако се разведе од бизнисменот Симон Конецки, пејачката е во потрага по ново момче.
„Ова е голем чекор за Адел. На тоа ја наговорија нејзините пријатели. Ретко излегува и ова се чинеше како најдобар начин да запознае некого“, изјави близок пријател на пејачката.
Адел направила апликација каква што имаат и некои други познати лица како што се Шерон Стоун и Дру Баримор. По повод 31. роденден, Адел опишала колку ѝ било тешко минатата година. Таа призна дека мината година ѝ била најтешкиот период во животот.
Пејачката долго време го криеше разводот, а странските медиуми пишуваа дека разделбата е резултат на честата одвоеност. Иако не се повеќе заедно, Адел и Симон изјавија дека заедно ќе се грижат за децата.