Албанскиот претседател Илир Мета во Тирана имаше средба со неговиот косовски колега Хашим Тачи, на која е разговарано за одличните билатерални односи меѓу двете земји, како и потребата од унапрдување на регионалната соработка.
Мета, кој за средбата објави на својот профил на Фејсбук, оценил дека Косово заслужува визна либерализација со земјите од Шенген зоната.
-Големо задоволство средбата со Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи. Заедно високо ги оценивме одличните билатерални односи и ја нагласивме потребата од унапредвање на соработката, како неопходност за европска интеграција. Визна либерализација за граѓаните на Косово е заслужена, напиша Мета.
Косовскиот претседател Тачи престојува во Тирана каде ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи утре во албанскиот главен град.