Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини попладнево ќе допатува во Тирана каде останува и утре, кога како специјален гостин ќе присуствува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.
Според најавата, Могерни треба да допатува во 16:30 часот по што ќе има средба со премиерот Еди Рама. По средбата ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во рамки на Самитот албаскиот претседател Илир Мета ќе биде домаќин на шефовите на државите од Процесот Брдо-Бриони, а како специјален гостин ќе присуствува и премиерот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Самитот на лидери во Тирана, кој се совпаѓа со „Денот на Европа”, има за цел да пренесе важна политичка порака за заедничките аспирации на земјите од регионот да се интегрираат во Европската унија. На крајот на Самитот, лидерите на процесот ќе усвојат документот со заклучоци од состанокот.
По најавата дека во Тирана ќе допатуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, Движењето „Самоопределување” за Албанија, кое неодамна беше регистрирано како политички субјект во судскиот регистар, за попладнево во 18 часот најави мирен протест посочувајќи ги двајцата како непожелни личности во Албанија.
Поддршка во тоа добија и од навивачката група „Црвено-црни”, која најави дека ќе учествува на протестот.