Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате

Новата норвешка министерка за здравство, Силви Листауг, предизвика жестоки полемики откако јавно изјави дека луѓето треба да си допуштат да јадат, пијат и пушат колку што сакаат, пренесе Би-би-си.

Листауг, исто така рекла дека пушачите се толку етикетирани што веќе станале одметници во општеството.

Популистичката политичарка која е позната по ставовите против имигрантите беше назначена за нова министерка за здравство во петокот, една година откако мораше да се повлече поради спор околу законот за безбедност.

Критичарите велат дека таа нема поим од концептот за јавно здравје.

„Моето разбирање за јавното здравје е многу едноставно. Не мислам да бидам морален полицаец и да им кажувам на луѓето како да ги живеат своите животи, но имам намера да им овозможам релевантни информации врз основа на кои самите ќе си одлучат“, изјави министерката за телевизијата НРК.

Генералната секретарка на норвешката Лига против ракот вели дека ваквите коментари на министерката може да му наштетат на јавното здравје.

„Многу луѓе ќе го слушнат тоа што го зборува. Со тоа, јавно здравје се враќа назад неколку децении“, рекла Ана Лиса Риел.

Треба да знаете
Последни објави