Португалската актерка Мариа До Сеу Гера добитник на наградата Актерот на Европа

Португалската театарска и филмска актерка Мариа До Сеу Гера и основач на култниот театар Барака од Лисабон е годинашен добитник на наградата Актер на Европа, соопштија денеска градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски и претседателот на Уметничкиот совет на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа Јордан Плевнеш.

Наградата ќе и биде врачена на свечена церемонија на 17. издание на интернционалниот фестивал Актерот на Европа што од 6 до 11 јули ќе се одржи во Ресенскиот Сарај, но и на други локации во Преспа, а ќе настапат реномирани театри од Европа.

– Добитничката ќе пристигне во Македонија на 5 јули, во придружба на поголоем број културни работници од Португалија и екипа на Португалската радио-телевизија РТВ. Вечерта, на 6 јули во Сарајот во Ресен, на свечената церемонија по повод отворањето на фесетивалот Актерот на Европа, со ексклузивна проекција специјалниот документарен филм од сите нејзини театарски и филмски креации, ќе и биде доделена оваа меѓународна награда, информира организаторот.

Преку писмо, таа истакнува дека е пресреќна што ќе го открие меѓуграничниот европски парк на Преспанското езеро и Македонија, и воедно е почестена што нејзиното име ќе биде запишано во европската културна меморија, заедно со такви актерски величини, како што се досегашните добитници: Љуба Тадиќ од Србија, Брус Мејерс од Велика Британија, Марсел Бозоне од Франција, Милена Зупанчич од Словенија, Ана Патерсон од Шведска, Раде Шербеџија…

Треба да знаете
Последни објави