Рускоска: Носителите на јавни функции мора построго да бидат казнувани

Носителите на јавни функции како што се пратеници, судии и обвинители, мора секогаш построго да бидат казнувани, затоа што тие се оние кои треба да го спроведуваат законот, изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, одговарајќи на новинарско прашање пред Конференцијата за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција.

Таа посочи дека уште стои на кажаното дека правото важи само за обичниот народ, не за судии и пратеници и дека во таа насока мисли токму за одредување на мерка притвор, односно за симнување на имунитет.

На прашање дали водат предистраги за функционери од актуелната власт, Рускоска одговори потврдно не сакајќи да открие повеќе детали.

– Водиме предистраги. Се работи за предистражни предмети и во овој момент не би можела да кажам повеќе,  рече Рускоска.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција не сакаше да го коментира законот з јавно обвинителство  бидејќи преговорите сé уште траат.

-Закон додека не се донесе во Собрание немам намера да коментирам, особено што преговорите што сé уште траат и не знаеме какво ќе биде конечното решение, односно каков законски текст ќе биде испратен во Собранието на гласање, истакна Рускоска.

Треба да знаете
Последни објави