САД го притискаат Иран да направи грешка и да ги прекрши своите обврскиво рамките на Заедничкиот сеопфатен план за акција, попозната како иранаки нуклеарен договор, изјави за „Спутник” дипломатски извор во Брисел.
„Во таков случај, САД ќе имаат причина да му се посочат на светот дека Иран претставува закана за меѓународната безбедност”, објасни изворот.
Претходно истиот ден Иран ги информираше петте преостанати потписници на договорот – Русија, Франција, Велика Британија, Кина и Германија – дека ќе прекрши дел од своите обврски и ќе почне да ги зголемува нивоата за збогатување ураниум по 60-дневниот рок што им го даде.
Во писмото на претседателот Хасан Рухани предадено на амбасадорите на петте земји, се наведува дека Техеран покажал самовоздржаност и трпеливост по одлуката на Вашингтон за еднострано повлекување од договорот во мај минатата година и им даде на останатите потписници значително време да надоместат за излезот на САД.
Говорот на Рухани доаѓа точно една година откако САД се повлекоа од нуклеарната спогодба од 2015 година, во која беше предвиден кревање на санкциите против Иран во замена мирнодобска природа на неговата нуклеарна програма. Вашингтон, исто така, ја објави одлуката за враќање на сите санкции против Исламската Република и серија нови рестрикции со намера да го сведе иранскиот извоз на нафта на нула.