Според Шангајската листа најдобар Универзитет во Северна Македонија во областа на наставата и учењето е Меѓународниот Балкански Универзитет  

Создавање на висококвалитетен кадар којшто е веднаш конкурентен на пазарот на трудот, воспоставено партнерство со бизнис секторот, околу 150 договори за соработка, со можност за стажирање и работа на студентите се само дел од придобивките од студирањето на Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ). Универзитетот којшто според Шангајската листа е најдобар во државата во областа на наставата и учењето поседува двојна акредитација, од Македонија и од Турција, со комбинација на напредни програми и методи за студирање во мултинационална средина. На МБУ во моментов студираат повеќе од 2000 студенти од Македонија, Турција, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија. Школарината е 2.000 евра, но најдобрите средношколци можат да добијат тотална стипендија.

-„Меѓународниот Балкански Универзитет е создаден врз идејата за  зближување и поврзување на двата клучни сектори во секое просперитетно ориентирано општество, образованието и стопанството. Си поставивме мисија да го подигнеме образовното ниво во регионот и да го направиме поконкурентен пазарот на трудот. Веќе 13 години со нашата мултинационална и мултикултурна филозофија и едукативните програми и методи на работа, создаваме самоуверени, општествено одговорни и глобално конкурентни интелектуалци и професионалци подготвени за веднаш да се наметнат како фактор на пазарот на трудот. На тој начин универзитетот игра клучна улога во градењето и зацврстувањето на мостови на соработка, взаемна поддршка и блиски односи меѓу народите на Балканот и Турција, што е уште една наша предност“, вели Ајдован Адемоски, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Балкански Универзитет.

Универзитетскиот кампус располага со седум факултети, вклучително 18 програми за додипломски студии и 10 програми за постдипломски студии во различни области, како што се инженерство, архитектура, економија, административни науки, ликовна уметност, образовни науки, комуникација, хуманистички науки и општествени науки. Во процес на акредитација е и новоформираниот Факултет за медицински науки, кој ќе отвори нови можности за младите во државата да се професионализираат во висококвалитетни образовни услови и во оваа многу значајна област. На ниво на универзитетот воспоставени се релации кои нудат многу можности за студентите, пред се преку програмите за размена како Еразмус+ и Мевлана, како и договори за билатерална соработка со истакнати европски универзитети.

Во насока на подигнување на свеста за општествената одговорност, откако е основан универзитетот досега има доделено повеќе од 1000 стипендии на талентирани студенти, со што придонесува за поголема и поширока достапност до квалитетно образование на универзитет со меѓународен карактер и странско искуство преку програмите за мобилност во текот на студиите.До сега од страна на МБУ се дадени стипендии во висина од еден милион евра, а во новиот кампус на факултетот вложени се до сега 35 милиони евра. До 2022 година треба да се затвори целиот кампус со што ќе има и две згради за престој на студентите како студенски домови.

Валентина Ангеловска

фото: Слободан Ѓуриќ

 

Треба да знаете
Последни објави