„Јас внимавам“ со едукативни видеа ќе влијае на свеста на учесниците во сообраќајот

Кампањата „Јас внимавам“ на компанијата ОКТА, преку едукативни видеа, ќе ја зголемува свеста за безбедноста во сообраќајот. Секое од видеата обработува некоја од најчестите причини за секојдневните сообраќајни незгоди.

Главната цел е преку содржината на овие видеа да се информира за опасностите што ги создава непочитувањето на сообраќајните правила, како и да се поттикне поголема внимателност кај сите учесници во сообраќајот.

Првото од серијата видеа за кампањата „Јас внимавам“ се однесува на употребата на мобилен телефон и од страна на возачите и од страна на пешачите. Видеото е поставено на линкот, а истото ќе биде достапно и на социјалните мрежи.

Кампањата за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот „Јас внимавам“ се спроведува веќе трета година по ред. Иницирана е од ОКТА, со цел подобрување на состојбите во сообраќајот, а компанијата оваа општествено одговорна активност ја реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Во спроведувањето на наменски создадените активности преку едукации, донации во училиштата низ државата и наградување на совесните возачи, ги опфати сите категории и возрасни групи активни учесници во сообраќајот. Заради сеопфатноста и добрата таргетираност, ефектите од истата беа препознаени и кампањата доби поддршка од голем број јавни личности што ја прифатија иницијативата и ја промовираа нејзината цел.

Кампањата „Јас внимавам“ во 2017 година беше наградена како најдобра Национална општествено одговорна практика во категоријата големи компании.

 

Треба да знаете
Последни објави