Актуелниот шампион и освојувач на купот, екипата на Џио Струмица го совлада Вардар со 3:1, по сетови 25:16, 25:22, 22:25 и 25:23, во рамките на првиот полуфинален натпревар од разигрувањето за шампионската титула.
Струмичани доминираа само во првиот сет, додека во останатите одбојкарите на Вардар пружија силен отпор, па на актуелниот шампион да поведе со 1:0 во полуфиналните средби му требаа точно 110 минути.
Вториот натпревар се игра в сабота во Скопје и доколку Џио Струмица забележи победа, тогаш ќе биде првиот финалист од годинашново разигрување за титулата во одбојкарското првенство. Во спротивно финалистот ќе биде познат по третиот натпревар, кој би се играл во Струмица.