Анѓушев: Случајот Тополки е законски и без судир на интерес

Ја поздравувам одлуката на Антикорупциска за отворање на постапка за случајот Тополки. Во секој момент сум на располагање на комисијата за дополнителни прашања, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев за отворената постапка од Антикорупциска комисија.

„Оваа постапка само ќе докаже дека во случајот Тополки е се законски и без судир на интерес, договорот за концесија е добиен и потпишан во мај 2015 година и добивањето на земјиштето е во иста постапка како и за сите електрани и истото е добиено како резултат од добиената концесија, согласно постапка која е иста за сите концесионери и сите над 80 електрани што се изградени во државата во последните 10 години.

Сите постапки се започнати во 2015 година, во време кога не сум бил член на владата, ниту пак сум знаел дека некогаш ќе бидам, со што практично не сум можел никако да влијаам. Работата на Антикорупциска комисија само ја покажува исправноста во реформирањето на истата насочена кон бранење на јавниот интерес“, изјави Анѓушев.

 

Треба да знаете
Последни објави