Бранови високи пет метри го отежнуваат спасувањето на патниците кои се наоѓаат на траект на кој му откажал моторот кај архипелагот Корнати во Далмација. Спасувачката мисија започна изутринава кога на бродот ,,Аурелија” на кипарска компанија кој патувал за Сплит поради лошото време му откажал еден од моторите и тој останал на плови носен од брановите. Агенциите јавуваат дека брановите го носат бродот кон Венеција.
Од изутринава два реморкери се упатиле во спасувачка мисија, но биле принудени да се вратат поради лошото време. На бродот кој се движел на редовна линија од Анкона кон Сплит се наоѓале и група граѓани од Шибеник кои биле на одмор на Сицилија.
Нема повредени на бродот на кој се превезувале 250 патници и 50 возила.
Ангажиран и е брод ,,влекач” Толукс кој се очекува да го извлече траектот до копното, а во меѓувреме се прават сите напори и на бродот за да се поправи моторот којшто откажал.
,,Аурелија” отпловила од Анкона околу 20,30 часот, а околу 7 часот наутро требала да пристигне во Сплит.На бродот се расипал еден мотор и работниците се обидуваат да го поправат дефектот