Децата од велешките градинки со едукативна работилница го прославија Денот на ЕУ

 Со изработка на знамиња на членките на Европската Унија, преку игра и песна,  децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев”, во Велес на креативно – едукативна работилница „Децата за ЕУ” го одбележаа 9 ти мај Денот на Европа, а  преку квиз учеа за европските земји и нивните главни градови.

Општина Велес во соработка со ЈКП “Дервен” во текот на денот, во дворот на општинската зграда засадија цвеќиња, а настанот заврши со симболично полевање на цветното знаме од  децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев”.

-Децата, кои се иднината на нашата татковина, со овој интересен настан на најубав начин ја изкажаа својата желба за подобра европска иднина во својата татковина и на сите граѓани во неа, истакнаа од Општина Велес.

Треба да знаете
Последни објави