Ситуацијата околу нуклеарниот договор на Иран ќе биде тема на разговор на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа во Хелсинки на 16 и 17 мај, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, за ТАСС.
„Голем број состаноци ќе се одржат на маргините на седницата на Советот на Европа, во согласност со одредени договори што се постигнати. Се разбира, и прашањето на нуклеарниот договор ќе биде тема на разговор на овие состаноци”, рече високот дипломат.
На 8 мај 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон еднострано ќе го напушти нуклеарниот договор постигнат во 2015 година, а во ноември ги обнови антииранските санкции, вклучувајќи ја и забраната за набавка на нафта.
Во средата, иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека Техеран ќе го прекине исполнувањето на своите обврски во рамките на две клаузули од договорот за 60 дена. Иран ќе продолжи со работата за збогатување ураниум и за надградба на реакторот „Арак“ ако страните во договорот не успеат да ги исполнат своите обврски.