За народите на Балканот, текот кон Европа е пат во еден правец, а Договорот од Преспа ја истакна посветеноста на Грција за европската перспектива на Југоисточна Европа, вели меѓу другото министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во писмената изјава по повод Денот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија вело дека Грција, од своја страна ја промовира „европската идеја во својата општествена и демократска димензија”.
-Договорот од Преспа одново ја истакна непоколебливата посветеност на земјата за европската перспектива на Југоисточна Европа, за нашето соседство да стане регион на мирна соработка и соживот. За народите на Балканот, текот кон Европа е пат во еден правец. Тоа е пат кон стабилноста, просперитет на општествата и консолидација на демократските институции, вели Катругалос.
Шефот на грчката дипломатија се осврнува и на претстојните европски избори за кои вели дека „претставуваат егзистенцијален предизвик од историски размери за Европа” бидејќи постојат два различни ставови за иднината.
-Од една страна, Европа на отворени општества, права и слободи. Од друга страна, невообичаено спојување на либерализмот и национализмот, што е закана нашиот континент да го врати во мрачното минато, вели министерот за надворешни работи на Грција и додава дека европските избори може да бидат почеток на нов тек за Европа, „Европа на народите”.