Сакате да пиете кафе и чај? Не може да го замислите утрото без еден од овие два пијалоци?
Станува збор всушност за здрава навика – антиоксидантите во црниот чај (theaflavin) и зелениот чај (catechin) го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, па дури и рак, додека антиоксидантите од кафето го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и невродегенеративни болести (Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест). Истражувањата, исто така, покажале дека луѓето кои пијат чај и кафе имаат за 20 до 30% намален ризик од предвремена смрт во однос на луѓето кои не пијат ниту еден од овие пијалоци.
Сепак, внимавајте да не претерате со кофеин – препорачан горен лимит изнесува 400 mg на ден. Исто така, би требало да избегнувате пиење кафе доцна попладне ако имате проблем да заспиете или ноќе не спиете добро.