Папата Фрaнциск денеска прими неколку стотици Роми и Синти и се молеше со нив, со порака дека многу страда кога чита за злоупотребите и предрасудите кон нив.
На ова му претходеше инцидентот што се случи вчера кога демонстрантите ја навредуваа градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, бидејќи обезбеди засолниште за 14-члено ромско семејство во населбата Казал Бручато, објави АП.
Папата Фрaнциск денес рече дека прочитал нешто „грдо” тоа утро и дека тоа не е цивилизирано.
Протестот следуваше по неодамнешните случаи на вербална злоупотреба и насилство врз малцинските групи во моментот кога општинските власти се обидоа да ги сместат во државни станови.
Ромите и Синтите се историски номадски народи, иако денес ги населуваат урбаните средини.