Помпео ја прекина својата посета на Европа за да се врати во Вашингтон

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја одложи својата посета на Гренланд, бидејќи мораше да се врати во Вашингтон, објави Стејт департментот во четвртокот.

„Секретарот Помпео мора да ја одложи својата посета на Гренланд поради потребата да биде во Вашингтон денес“, рече портпаролката Морган Ортагус.

Помпео требаше да го посети Гренланд во четвртокот, но замина од Лондон за Вашингтон.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата воведе нови санкции против Иран, насочени кон приходите од извозот на индустриски метали, што дополнително ги засили тензиите меѓу Вашингтон и Техеран во врска со меѓународната спогодба од 2015 година за спречување на нуклеарната програма на Исламската Република.

Помпео во средата изјави ѝ порача на Велика Британија да го промени својот став кон Кина и телекомуникациската компанија „Хуваеи“, претставувајќи ја втората најголема економија во светот како закана за Западот слична на онаа што некогаш ја претставуваше Советскиот Сојуз.

Треба да знаете
Последни објави