Според албанските медиуми фотографија на денот е на која српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот Хашим Тачи се ракуваат во Тирана, каде се одржува состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.
На фотографјата е и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини.
Тачи, според медумите го одминал и не се поздравил со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговна, Милорад Додик.
На состанокот учествуваат и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговна, Милорад Додик и членот на претседателството Шефик Џаферовиќ.
Претседателот на Северна Републка Македонија, Ѓорге Иванов, кој беше домаќин на Самитот минатата година, не присуствува на состанокот. Тој се заблагодари за поканата и како што наведува во писмото до лидерите на овој процес, „поради исклучително краткиот период пред крајот на мојот претседателски мандат и инаугурацијата на новиот претседател на Република Македонија, за жал не можам да учествувам на овој многу важен собир”.
Процесот Брдо-Бриони се одржува од 2010 година и секоја година настанот е во друга земја членка на процесот.