Нголо Канте, поради повреда, ќе го попушти полуфиналниот реванш помеѓу Челси и Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа. Францускиот репрезентативец се повреди во неделата на првенствениот дуел со Вотфорд.
Канте е еден од најважните фудбалери во формацијата на Маурицио Сари, кој дополнително ги загрижил навивачите со изјавата дека Французинот може ќе го пропушти и евентуалното финале.
„Канте има проблем со мускулот, ќе паузира две недели. Ќе се обидеме да го рехабилитираме за финалниот меч. Не сум сигурен дека ќе биде подготвен, но ќе се обидеме“, рекол Сари.
Италијанскиот тренер признал дека погрешна била одлуката Канте да игра против Вотфорд.
Челси и Ајнтрахт вечерва од 21 часот ќе го почнат реваншот на „Стенфорд Бриџ“. Првиот меч во Франкфурт заврши со резултат 1:1. Втората полуфинална двојка е Валенсија – Арсенал, по првиот меч, англискиот тим има предност 3:1.
Финалето во Лига Европа ќе се одигра на 29 мај во Баку, Азербејџан.