Пешак бил тешко повреден откако бил прегазен од џип, вчера во кочанското село Мородвис.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 11 часот во селото Мородвис. Џип „лада нива“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(71) селото, удрил во пешакот С.И.(79), од истото село.
Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствениот дом во Кочани бил пренесен во Клиничката болница во Штип на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.