Новородениот син на принцот Хари и Меган Маркл ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, соопшти денеска Бакингемската палата.
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл денеска првпат се појавија пред новинарите со бебето кое беше родено во понеделникот, а чувството на родителство го опишаа како „волшебно“.
Синот го претставија пред мала група новинари, а тој беше во бело ќебе со бело капче.
„Волшебно е, навистина е неверојатно да се имаат двете најдобри момчиња на светот и многу сум среќна“, рече Меган.