Бранимир Јовановиќ се повлекува од министерството за финансии
Бранимир Јовановиќ попладнево преку Фејсбук соопшти дека се повлекува од Министерството за финансии. Тој вели дека одлуката ја донел пред некое време, но чекал првин да поминат изборите.
– Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии – напиша Јовановиќ на Фејсбук.
Тој вели дека сака повеќе да се посвети на семејството и блиските бидејќи во минатиот период ги запоставил.