(Видео и фото галерија) Балкански кошаркарски легенди: Лазо е нешто посебно

Мирко Новосел, Душан Ивковиќ, Божидар Маљлковиќ, Иво Данеу, Панајотис Јанакис, Дино Раџа беа само дел од балканските играчки и тренерски кошаркарски ѕвезди кои денеска дојдоа во Скопје да му го честитаат 80 роденден на Лазар Лечиќ, човекот и тренер кој, како што рекоа, од нив направил и луѓе и играчи.

Академијата е одлична, но ова дека се 80 години некако многу ми тежи. Среќен сум што овдека се споивме од Словенија до Грција. Фала, фала, фала, сите ве сакам“, кратко кажа Лечиќ.

Роденденот беше прославен со  академија во хотелот „Александар палас“, каде легендите му честитаа на Лечиќ и споделија заеднички доживувања и анегдоти.

Академијата е одлична, но ова дека се 80 години некако многу ми тежи. Среќен сум што овдека се споивме од Словенија до Грција. Фала, фала, фала, сите ве сакам“, кратко кажа Лечиќ.

„Направивте величествена прослава на овој роденден на еден од најголемите југословенски тренери, кој има големи заслуги за успесите на југословенската кошарка. Нашето пријателство трае со децении и ти посакувам да дочекаш и 90 и 100 години и повторно вака да нè собереш“, изјави легендарното тренерско име Мирко Новосел.

Тој секогаш беше многу поразличен од сите нас, човек со многу страст и знаење, кој внесе многу живот во кошарката. Сите ние имаме голем идол во него“, кажа гостинот од Грција, Панајотис Јанакис, на кого Лечиќ му беше тренер во солунски Арис.

Лечиќ му подари специјална топка на премиерот Заев, а тој доби иста таква од првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.

 

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави