Tри години пред почетокот на Светското првенство, Катар го доби своето прво метро. На подземната железничка линија се работело шест години. Таа ќе ги поврзува стадионите Ал Вакарг и Лусаил, каде што ќе се играат натпреварите од Мундијалот.
„Ова е еден од мегапроектите на Катар. Не станува збор само за обичен проект. Метрото претставува нов начин на транспорт низ целата земја. Метрото треба да биде еден вид добредојде за сите нации, туристи и лица кои живеат во Катар“, изјави Абдула ал Мавлави, лицето за јавни односи и директор на Железницата на Катар.
Втората линија е долга 40 километри и го поврзува меѓународниот аеродром Хамад со централниот дел на Доха. Оваа линија сè уште не е пуштена во функција. Целата мрежа на подземната железница ќе биде отворена во 2020 година и ќе има три лини. Црвена, зелена и златна со 37 станици.
Жителите од престолнината во Катар, Доха, велат дека се радуваат на метрото и дека со задоволство ќе го користат како превозно средство. Иако се навикнати да ги користат своите автомобили, сепак честите сообраќајни застои им прават големи проблеми.
„Никогаш не верував дека ќе видам метро во Доха“, изјави пензиониран работник од воздухопловната индустрија.
Тој го сними првото возење, а го чува и билетот од овој историски момент.