(ВИДЕО) Протест за Диво Насеље пред Кривичен суд

Група од околу стотина граѓани се собраа пред Кривичниот суд во Скопје во знак на поддршка на осудените терористи на Диво Насеље. Групата со повици „УЧК“ „УЧК“ од плоштадот Скендер Бег дојде пред зградата на Кривичниот суд каде се задржаа десетина минути.

Со знамиња на Голема Алабнија и транспаренти, како и фотографии на загинатите команданти, протестантите изразија негодување за случувањата на 9 мај пред 4 години во Диво Насеље, обвинувајќи го поранешниот премиер Никола Груевки и претседателот Ѓорге Иванов.

 

Откако се обратија пред граѓаните на албански јазик организаторот на протестите и уште еден од учесниците на протестот, насобраната група си замина.

Протестот беше организран под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците”.

Протестот е организиран од Здружението за политички затвореници, заедно со Советот на семејства на лица кои се затворени со строги казни, вклучувајќи ја и групата “Диво Насеље”.

Игор Шегавиќ

ФОТО: 24 Инфо

Треба да знаете
Последни објави